Поради снежни врнежи, прекинат сообраќајот на патот Кочани – М.Каменица

од Берта Китинска

Поради снежни врнежи, воведена е забрана за движење на товарни моторни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти АМСМ.

Според информација од ЈП МакедонијаПат, поради одрон сообраќајот е целосно во прекин на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци кај местото Ајдучки Камен.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево. Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.

На целата територијата во земјава има снежни врнежи и сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози,

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини