ПОРАДИ СРАМНОТО ОДНЕСУВАЊЕ, Реал го става Азар на ТРАНСФЕР ЛИСТА!

од Stefanija Kuzmanovska

Еден Азар, играчот од средниот ред на Реал Мадрид, беше фатен на камера како се смее и се шегува со своите поранешни соиграчи од Челси веднаш по поразот на неговиот тим во Лондон синоќа. Влијателната телевизија „Ел Чирингитуо“ пренесува дека раководството на кралскиот клуб веќе го ставил Белгиецот на трансфер листа.

Ваквото однесување на белгискиот репрезентативец наиде на остра реакција од шпанските медиуми. Азар помина 89 минути на теренот и според општото мислење, тој беше еден од најлошите. Тој имаше само неколку контакти со топката без конкретен ефект.

– Азар се смееше во лице на сите. Тој го тестира трпението на навивачите на Реал Мадрид две години. Тој не стори ништо. Доби шанса од Зидан во најважниот меч и буквално не го видовме на теренот. Белгиецот не заслужува секунда повеќе да биде во Мадрид – единствени се во ставот шпанските медиуми.

Белгиецот дојде во Реал во 2019 година за скоро 100 милиони евра од Челси. Поголемиот дел од времето го помина закрепнувајќи од повреди, додека на теренот беше бледа сенка на фудбалерот од времето кога го носеше дресот на „сините“.

– Реал го прегази воз во Лондон. Зидан целосно погреши со формацијата во која најслаби алки беа Серхио Рамос и Азар – се вели во коментарот на „Марка“, највлијателниот спортски весник.

Реал Мадрид ќе мора брзо да се опорави од поразот во Лондон, бидејќи се бори за титулата шампион на Шпанија. На четири кола пред крајот имаат два бода помалку од градскиот ривал Атлетико, додека се израмнети со Барселона.

Слични содржини