Поради температура, Камчева не се појави на рочиштето за „Рекет“

од Vladimir Zorba

Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева денеска не се појави во Кривичниот суд во Скопје, каде требаше да сведочи за случајот „Рекет“, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски-Боки 13.

Камчева не се појави на рочиштето поради температура, а Судот го задолжи Камчев да донесе лекарска потврда за нејзината состојба.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти овој месец, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец беше осуден на три години затвор откако призна вина за случајот и предметот за него беше одвоен од оној против Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини