Поради вести од Кина, цената на нафтата денеска бележи ПАД

од Stefanija Kuzmanovska

Цената на нафтата падна денеска на берзите бидејќи веста за ново масовно тестирање за ковид 19 во Кина потенцијално може да ја намали побарувачката.

Цената на барел нафта од типот Брент падна за 1,29 долари и сега изнесува 105,73 долари, откако во петокот порасна за 2,3 отсто, пренесува „Ројтерс“.

Барел сурова нафта во САД поевтини за 1,78 долари и чини 103,01 долари.

Пазарот го потресе веста дека Кина го откри првиот случај на високо заразниот омикрон сој на коронавирусот во Шангај, а бројот на случаи во најголемиот град во земјата се зголеми на 63 од 52 еден ден претходно.

На пазарот владее неизвесност поради планот на западните земји да ја ограничат цената на руската нафта. Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека дополнителните санкции може да имаат „катастрофални“ последици на глобалниот енергетски пазар.

Слични содржини