Поради земјотресот, Сити Мол попладнево нема да работи

од Vladimir Zorba

Скопје Сити Мол ја информира јавноста дека по серијата земјотреси кој го погодија Скопје во попладневните часови, Менаџментот на Скопје Сити Мол постапи во согласност со сите протоколи и процедури пропишани за справување со природни непогоди.

1381700_535656566514361_656382828_n

Имено оперативните служби на Скопје Сити Мол реагираа во пропишаниот рок, посетителите беа мирно и сигурно евакуирани надвор од објектот а службите на Скопје Сити Мол ги превземаа сите дополнителни мерки за безбедност.
Истовремено Ве информираме дека по направениот увид низ објектот на Скопје Сити Мол , констатирано е дека нема настанато никакви штети во објектот.

Менаџментот на Скопје Сити Мол донесе одлука објектот да биде затворен од превентивни причини, како и со цел вработените во локалите да бидат со своите најблиски во овие моменти. Од утре (12.09.2016г.) Скопје Сити Мол ќе продложи да работи во регуларно работно време.

Скопје, 11.09.2016 година

Слични содржини