Поранешен американски дипломат во Мексико силувал 23 жени: Му се заканува доживотна казна затвор

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешен американски дипломат призна дека дрогирал, сексуално злоупотребувал и фотографирал вкупно 23 жени во текот на 14 години додека работел во американската амбасада во главниот град на Мексико, пренесува американското Министерство за правда.

Американското министерство за правда објави дека 45-годишниот Брајан Џефри Рејмонд се изјаснил за виновен за злосторствата.

Може да добие доживотна казна затвор.

„Рејмонд го напуштил Мексико откако гола жена врескала и викала за помош минатата година“, се вели во соопштението на министерството.

Жената навела дека не се сеќава на настаните откако ја конзумирала храната и пијалоците што ѝ ги дал Рејмонд.

Истрагата откри и стотици фотографии и видеа на над 20 несвесни голи и полуголи жени.

Министерството известува дека неговите злосторства започнале во 2006 година.

– Раката на Рејмонд може да се види на фотографии и видеа, и ги допира очите, устата, градите и задникот на неговите несвесни жртви. Рејмонд може да се види и како лежи во кревет со неговите жртви, се додава во соопштението.

Тој пребарувал на интернет за ефектите од комбинацијата на апчиња за спиење и алкохол.

ФБИ исто така им се заблагодари на жените кои одговориле на информациите за понатамошна истрага.

Слични содржини