Поранешен англиски фудбалер: Tелефонот постојано ми ѕвони, но дресот на Марадона не го продавам

од Nikola Popovski

Поранешниот англиски фудбалер Стив Хоџ изјавил дека дресот што го носел Диего Марадона за време на четвртфиналето на СП 1986 помеѓу Англија и Аргентина не е на продажба.

По завршувањето на тој славен натпревар, Хоџ го разменил дресот со легендарниот Аргентинец и тој е изложен во Националниот фудбалски музеј во Манчестер, но е во сопственост на Хоџ.

„Го имам тој дрес 34 години и никогаш не сум се обидел да го продадам. Има неверојатна сентиментална вредност“, изјави Хоџ за Би-Би-Си, додавајќи:

„Луѓето постојано ми тропаа на врата, телефонот ми ѕвони, не ми беше пријатно. Имаше вест дека сакам милион или два милиони за дресот, како да сакав да заработам … Не за продажба. Немам да го продадам“.

Марадона почина на 25 ноември од срцев удар на 61 година во својата куќа, додека се опоравуваше од операција на мозокот.

„Тој историски натпревар никогаш нема да биде заборавен. Морам да кажам дека никогаш не го обвинував за тоа што играше со рака. Ниту еднаш“, изјавил Хоџ.

Слични содржини