Поранешен бугарски министер: На пописот во С. Македонија да има графа за „Бугари“

од Nikola Popovski

Поранешниот бугарски министер и амбасадор на Бугарија во НАТО, Бојко Ноев изјавил дека на пописот во С. Македонија треба да има графа за „Бугари“, доколку има графи за другите националности од земјава, пишува ДВ.

Тој во интервју за Радио Фокус изјавил дека немаат проблем да развијат соработка со РС Македонија и од утре да започне со изградбата на патишта и железнички линии.

„Сепак тоа нема да ги отстрани пречките за започнување на преговорите со ЕУ. Тие пречки не се поради неисполнувањето на секторските политики, туку се длабоко во фундаментот на односите меѓу двете земји. Бугарија има неколку важни нешта да каже, и сите тие се во областа на правата на Бугарите во Македонија“, вели Ноев.

Слични содржини