Поранешен член на Guns N ’Roses ќе стане татко во шестата деценија од животот, го оркри полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska

Тапанарот и поранешен член на Guns N ’Roses, Мет Сорум (60), го чека своето прво дете! Неговата сопруга Ејс Харпер (36) е бремена, а терминот за пораѓај е јули 2021 година.

Овој музичар, кој исто така освои Греми награда, го сподели убавото изненадување и прекрасната вест со објава на Инстаграм, каде во преден план е трудничкиот стомак на Ејс. Фановите го знаат и како член на супер-групата Velvet Revolver.

Го откриja и полот на детето! Двојката возбудено и со воодушевување објави дека чека девојче.

Слични содржини