Поранешен директор на ЦИА призна дека САД „се мешале“ во изборите во други земји

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот директор на ЦИА, Џејмс Вулси, призна дека САД „се мешале“ во изборите во други земји за да ги заштитат своите интереси.

Беше на чело на ЦИА во периодот 1993-95 година.

На прашањето од новинар на Фокс: „Дали САД се мешаа во изборите на други земји“, Вулси одговори: „О, веројатно, но во корист на целиот систем беше да ги спречи комунистите да ја преземат власта“.

Тој ги наведе Грција и Италија во годините по Втората светска војна како примери за тоа како САД интервенираа за да ги спречат комунистичките партии да дојдат на власт.

Ваквите работи ги сфаќаме сериозно“, изјави Вулси, пренесува Geopolitika.news.

Признанието на поранешниот шеф на ЦИА доаѓа една недела откако поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон ја потврди вмешаноста на Вашингтон во државни удари.

Слични содржини