Поранешен фудбалер на Рома, Јувентус и Интер уапсен за одгледување марихуана

од Nikola Popovski

Луиџи Сартор во својата фудбалска кариера ги носеше дресовите на Јувентус, Интер и Рома и освои стотици трофеи. По играчката кариера, тој одлучил да одгледува марихуана.

Овој вторник, Сартор е sвезда на насловните страници на сите весници на Апенините. Според римскиот „Месаџеро“, тој бил уапсен затоа што одгледувал марихуана, а „паднал“ и неговиот соработник.

Полицијата открила дури 106 стебленца марихуана во близина на Парма.

Сартор моментално е во домашен притвор и се брани молчејќи.

За време на неговата играчка кариера, тој го освои Купот на УЕФА со Јувентус во 1993 година, со Интер во 1998 година и со Парма во 1999 година.

Тој го освои Европското првенство во 1996 година со младата репрезентација на Италија.

Слични содржини