Поранешен функционер на Барса го критикуваше Надал: Мака ми е од него!

од Nikola Popovski

Алфонс Годал, поранешниот потпретседател на ФК Барселона, остро го критикуваше Рафаел Надал по победата на Австралија опен.

Надал во неделата го крена 21. Грен слем трофеј во кариерата, што предизвика различни реакции, а една од негативните дојде од поранешната „десна рака“ на Жоан Лапорта во Барселона.

„Од првиот ден ми е мака од Рафаел Надал. Го ставам во ист кош со шпанската репрезентација, Реал Мадрид, Фернандо Алонсо и се што претставува непријателска држава“, напиша Годал на Твитер.

Шпанските медиуми во преносот на изјавата на Годал потсетија дека тој е голем поборник за независноста на Каталонија, а дека во минатото често изнесувал сепаратистички ставови.

Сепак, за разлика од него, каталонскиот гигант Барселона со ентузијазам го дочека трофејот на Надал во Мелбурн.

„ФК Барселона им се придружува на честитките на спортскиот свет за историскиот рекорд на Рафаел Надал, првиот тенисер кој освоил 21 Грен слем титула. Честитки, Рафа!“, изјавија од клубот.

Слични содржини