Поранешен градоначалник на Македонска Каменица заработи кривична пријава

од Nikola Popovski

Од МВР соопштуваат дека ексградоначалникот на Македонска каменица, Дарко Митевски заработил кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Print

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.М.(44) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 01.01.2017 до 30.05.2017, пријавениот, како поранешен градоначалник на општина Македонска   Каменица, без да спроведе постапка со барање за прибирање понуди и спротивно на член 28 и член 100 од Законот за јавни набавки, во повеќе наврати без одлука и спроведена постапка за јавна набавка извршил набавка на стоки и услуги во вредност над 500 евра, во денарска противвредност без да овозможи еднаков третман на економските оператори и без да спроведе транспарентна постапка при процесот на набавки на стоки и услуги, извршил и набавка на стоки и услуги од повеќе правни лица во вкупна вредност од 403.996 денари и овозможил на правните лица од кои извршил набавка да се стекнат со некаква корист“, велат од МВР.

Набавките ги вршел без одлука и без да бидат предвидени во годишниот план за јавни набавки.

Слични содржини