Поранешен играч на Јунајтед смета дека нема место за Погба во составот

од Aleksandar Petrovski

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Инс, изрази мислење дека на тимот повеќе не му се потребни услугите на Пол Погба. Инс верува дека од доаѓањето на Бруно Фернандеш во јануари, излезот за Погба е отворен.

„Ако тој сепак сака да си замине, полесно ќе биде Оле да го продаде сега кога Бруно е во тимот. Се чувствувам како на клубот повеќе да не му треба Погба. Неговите добри настапи беа малку и сегашната состојба мислам дека ќе ги задоволи обете страни. Ако Погба се врати пред крајот на сезоната, мислам дека нема да добие место во тимот. Дури и ако има, тој ќе мора да се бори за него“, изјави поранешниот англиски фудбалер за „Педи Пауер“.

Поради повредата, Погба учествуваше на само 8 натпревари за време на тековната кампања за Манчестер Јунајтед. Минатата година се шпекулираше дека светскиот шампион со Франција сака да го напушти „Олд Трафорд“, а Реал Мадрид и Јувентус се главните фаворити за неговиот потпис. Во негово отсуство, играчи како Фред, Немања Матиќ, Скот Мектомини и новодојдениот Бруно Фернандеш најдоа место во тимот и станаа фаворити на навивачите.

Погба го тера својот втор престој со „црвените ѓаволи“ од летото 2016 година кога се врати во клубот од италијански Јувентус.

Слични содржини