ПОРАНЕШЕН ИГРАЧ НА ЛИВЕРПУЛ уапсен за време на протестите против Путин!

од Nikola Popovski

Еден од милениците на навивачите на Ливерпул се најде во неволја.

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Даниел Агер беше уапсен за време на саботните протести на опозицијата во Москва, објави денес рускиот весник „Новаја газета“.

Данецот е обвинет за учество во недозволен собир на луѓе и му се заканува парична казна од 10 до 20 илјади рубљи, хуманитарна работа или казна затвор од 15 дена. По два дена притвор, Агер денес ќе биде сослушан пред истражен судија во окружниот суд во Головина.

Агер играше за Ливерпул во периодот од 2006-2014 година, со кого во сезоната 2011/12 го освои Лига купот.

Во својата кариера играше и за данскиот Брондби, а во 2016 година ја заврши фудбалската кариера во истиот клуб.

Слични содржини