Поранешен лекар од Белата куќа загрижен за здравствената состојба на Бајден: „Нешто не е во ред“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот личен лекар на тројцата американски претседатели, Рони Џексон, забележа знаци на сериозна загриженост од однесувањето на американскиот претседател Џо Бајден.

„Работев како лекар во Белата куќа за време на тројца претседатели. Видов што е потребно физички и психички за извршување на работата. Во моментов можам да ви кажам дека начинот на кој Бајден се крие од јавноста е големо црвено знаме. Нешто не е во ред“, напиша тој на Твитер.

Здравјето на американскиот претседател е тема уште од почетокот на изборната кампања, а тоа е особено актуелно по бројните лапсуси во изминатите неколку недели и неодамнешниот пад на американскиот претседател.

Слични содржини