Поранешен пријател на Анџелина тврди дека таа украла дете од неговите вистински родители

од Nikola Popovski

Поранешен пријател на Анџелина Џоли открива дека не е 100 процентен сигурен дека нејзиното најстаро дете било сираче кога актерката го посвоила.

Имено, Сарат Мун во тоа време водел непрофитна организација во Камбоџа и дури ѝ помогнал на оскаровката да го посвои нејзиниот син Медокс.

Легитимноста на посвојувањето на 19-годишното момче била доведена во прашање откако актерката вети дека ќе открие која е Лорин Галиндо, жената зад неколку наводни неетички посвојувања во Камбоџа, но до денес тоа не го сторила.

Исто така, Лорин е личноста која го водела посвојувањето на Медокс.

Мун зборуваше за неговата поранешна пријателка, додавајќи дека некои претпоставуваат дека биолошките родители на Медокс можеби биле живи за време на неговото посвојување и дека можеле да го продадат за сто долари.

„Не сум 100% сигурен дека Медокс беше сирак, иако во тоа време беше во сиропиталиште. Барем еден од родителите можеби бил жив за време на неговото посвојување. Но, никогаш не поставував прашања, никој не постави “, рече Сарат, пишува „Дејли мејл“.

Тој тврди дека тој лично се претставил како вистински татко на Медокс, со цел да го забрза процесот на посвојување.

„Ова често се случува во Камбоџа. Имало многу бебиња што нивните родители ги оставиле во сиропиталиштата или ги продале затоа што не можеа да си дозволат да ги чуваат и воспитаат“, вели тој.

Исто така, Кек Галибру, шеф на агенцијата за човекови права наречена „Ликадо“, исто така верува дека Медокс не бил сираче за време на посвојувањето.

„Сигурен сум дека ова дете не беше вистинско сираче и дека не беше напуштено“, рече тој во минатото.

Анџелина сè уште не даде јавна изјава по ова прашање.

Фото: Getty Images

Слични содржини