Поранешен вицеканцелар на Австрија осуден на условна казна од 15 месеци за примање мито

од Vladimir Zorba

Поранешниот вицеканцелар и поранешен лидер на Партијата на слободата на Австрија, Хајнц Кристијан Штрахе, денеска беше осуден на 15 месеци условна затворска казна за примање мито, пренесе Танјуг.

Судската постапка против него вклучуваше две донации од сопственикот на приватната клиника „Веринг“, Валтер Грубмилер, во износ од 2.000 и 10.000 евра.

Сопственикот на приватна клиника ги префрлил тие пари на партијата, која тогаш ја водел Штрахе, а според наводите на обвинителството за економски криминал и борба против корупцијата, станува збор за поткуп.

Штрахе требаше да се обиде да го измени Законот за фондот за финансирање приватно здравствено осигурување во Собранието, така што клиниката Грубмилер може да добие средства од тој фонд.

Слични содржини