Поранешна мис на Бразил почина по рутинска операција: Во прашање лекарско невнимание?

од Stefanija Kuzmanovska

Глејси Кореија (27), поранешна мис на Бразил, почина поради последиците од обилно крварење и срцев удар по рутинска операција на крајници, пишува „Дејли мејл“.

Таа починала во понеделникот во приватна клиника. Доживеала тешко крварење и срцев удар по тонзилектомија, која вклучува хируршко отстранување на крајниците. Таа беше оперирана на крајот на април и оттогаш беше во кома, а потоа почина.

Нејзиното тело е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина Макае.

– Господ го избра овој ден да ја земе нашата принцеза. Знаеме дека многу ќе ни недостига, но сега ќе го заблеска небото со својата насмевка – изјавил свештеникот Јак Абреу, кој го познава семејството на Кореија.

Тој смета дека за време на операцијата имало лекарско невнимание.

Глејси беше Мис Бразил 2018 година.

Слични содржини