Поранешна пријателка на Меган открива: Отсекогаш сакаше да улови принц

од Elena Daskalova

Медиумите, поранешните пријатели, па дури и членовите на семејството не ја штедеа Меган додека му беше девојка на Хари, ниту кога беше војвотка, ни сега, кога отстапи од таа должност.

Како што веќе знаеме, Меган е во постојан конфликт со нејзиниот татко, голем број колеги немаат што добро да кажат за неа, а особено нејзината полусестра Саманта, која ја користи секоја прилика да ја потсети јавноста дека таа е лоша личност.

Сега се појави нејзината поранешна другарка Џина Нелтроп, која напиша колумна посветена на Меган.

„Не се сомневав дека Хари ќе се вљуби во неа, кога ми кажа дека ќе одат на одмор. И јас бев маѓепсана од неа, како и сите. Ме привлече нејзиниот топол карактер, способноста да ве теши во секој момент. Знаев дека ќе го освои и овој човек, бев дури и возбудена. Клише што се остварува, обична девојка го наоѓа својот принц“, пишува таа.

Повлекувањето од кралските должности за неа било сосема очекувано.

„Меган нема да се откаже од тоа да изгради стил на јавна личност, дури и ако тоа значи да го скара Хари со кралското семејство. Нејзиниот начин е немилосрден. Тоа им се случи на многумина, па дури и мене. Само, не верував дека ќе го направи тоа толку брзо, мислев ќе издржи неколку години“, истакнува Џина.

Таа наведува дека со Меган се запознале додека ја снимала серијата „Suits“.

Слични содржини