Поранешна ѕвезда на Дизни уапсена бидејќи го претепала момчето

од Stefanija Kuzmanovska

Американската актерка Рони Хоук, која стана позната по улогата како Рејчел Дијаз во комедијата на Дизни Stuck in The Middle, како и улогата на Оливија во комедијата On My Block на Нетфликс, беше уапсена бидејќи го претепала своето 20-годишно момче, сноубордерот Мајлс Фелон.

Хоук беше уапсена во петокот наутро за кривично дело семејно насилство во Лос Анџелес.

Имено, Мајлс Фелон имал видливи повреди и гребаници на лицето и телото кога полицијата пристигнала во нивниот дом, се вели во извештајот на полицијата.

Кауцијата за Хоук да биде ослободена од притвор изнесува 100 илјади долари и се очекува да се појави на суд на 11 декември 2020 година.

Сè изгледаше нормално на 20 јули, кога младиот пар објави заеднички фотографии, а сега таа беше уапсена по вербална расправија со нејзиното момче, која очигледно се претворила во физичко насилство.

 

Слични содржини