Поранешната девојка се жали: Ал Пачино беше скржавец, ми купи само цвет

Поранешната девојка на холивудската ѕвезда Ал Пачино, Меитал Дохан, зборуваше за раскинувањето на нивната двегодишна врска.

Израелската актерка за прекинот со 79-годипниот колега ја обвини големата разлика во годините, но и на тоа дека Ал Пачино бил, според нејзините зборови, скржавец.

„Се обидував да ја занемарам големата разлика во годините, но искрено, тој е постар човек па дури и со целата моја љубов, таа врска не потраја“, рекла за израелскиот магазин La’lsha.

Четириесетгодишната актерка се пожали и дека нејзиното поранечно момче бил прилично несклон кон отварање на новчаникот.

„Не знам како е најпристојно да се каже дека не сакаше да троши пари. Единствено што ми купи е цвеќе“, рекла.

Таа тврди дека останале во пријателски односи, а на крајот рекла дека ѝ било чест да поминува време со него.

Слични содржини