Поранешната директорка на Кожната клиника се појавила во суд, поднела приговор за казната

од Nikola Popovski

Наместо да ја плати казната од 10 илјади евра, поранешната директорка на Кожната клиника, Нина Цаца Билјановска поднела приговор на предлогот на Обвинителството, пишува Фокус.

Биљановска денеска се појавила во суд, но рочиштето било одложено бидејќи нејзината одбрана чекала дополнителни докази.

Билјановска беше 4тиот пациент позитивен на корона вирус со земјава, но нејзиното неодговорно однесување предизвика бурни реакции во јавноста. Вратена од скијање во Италија и со симптоми на корона вирусот Билјановска неколку дена одеше на работа, прегледуваше пациенти, а присуствуваше и на меѓународен симпозиум. Откако се утврди дека е позитивна на вирусот, Клиниката за кожни болести со месеци беше затворена, а нејзините колеги завршија во излоација.

Следното рочиште е закажано за 17 септември.

Лекарската комора чека правосилна пресуда по што ќе одлучува дали ќе и биде одземена лиценцата за работа.

Слични содржини