Поранешната менаџерка на Рики Мартин го тужи пејачот, бара три милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната менаџерка на пејачот Рики Мартин, Ребека Дракер, наводно одлучила да го тужи пејачот, јавуваат странските медиуми.

Таа работела за Мартин во периодот од 2014 до 2018 година, а сега тврди дека пејачот не ѝ ги платил трите милиони долари за кои смета дека ги заслужила.

Во правните документи, Ребека изјавила дека по двегодишна пауза, пејачот повторно ја вработила во 2020 година кога, како што напишала, неговиот приватен и деловен живот бил во превирања“.

Дракер тврди дека му го довела животот во ред, му ги договорила сите спонзорства, и дека е заслужна и за неговите потпишани договори за снимање песни. Покрај тоа, таа нагласи дека му помогнала да заработи милиони долари на неодамна одржаната северноамериканска турнеја со колегата Енрике Иглесијас.

Таа сега бара отштета од 3 милиони долари од пејачот, плус правни трошоци, бидејќи таа тврди дека Мартин не ѝ дал провизија од 3 милиони долари на почетокот на неговата кариера. Таа изјавила дека ја манипулирал и ја лажел, што на крајот ја принудило да се повлече од партнерството во април годинава. Наводно, пејачот ѝ се заканувал и ја принудувала да потпише договор за доверливост, што таа го одбила.

Рики Мартин се уште не ја коментирал оваа ситуација.

Слични содржини