Поранешни вработени ја тужат Ким Кардашијан

од Vladimir Zorba

Познатата старлета Ким Кардашијан (40) е обвинета дека не исплатила обештетување на своите вработени, кои сега бараат да им врати се што им должи.

Седум нејзини поранешни вработени се вклучија во заедничката тужба што ја покренаа во понеделникот пред судот во Лос Анџелес, со список на жалби за лошите услови за работа во вилата на Ким, вредна 60 милиони долари.

Во тужбата, меѓу другото, се тврди дека тие никогаш не биле платени на време и дека Кардашијан не поднела даночна пријава за парите што им ги платила. Тие исто така тврдат дека Ким не ја бележела нивната прекувремена работа и дека ниту за тоа никогаш не добиле компензација.

Еден од тужителите, кој има само 16 години, исто така вели дека бил принуден да работи многу повеќе од пропишаните 48 часа неделно во време кога немал никакви училишни обврски. Поранешниот градинар на Кардашијан, исто така, наведува дека кога се обидел да и побара компензација за прекувремена работа, бил отпуштен.

Богатството на Ким се проценува на 1 милијарда долари благодарение на нејзините брендови за убавина и мода, поради што неодамна се најде на престижната листа на милијардери на Форбс.

Адвокатот Френк Ким, кој ги застапува нејзините поранешни вработени, изјави за Дејли Меил дека лошите услови за работа и нефер платата се чест и голем проблем меѓу богатите и славните од Лос Анџелес. Тој додаде дека неговата компанија во моментов испитува некои други богати семејства таму во име на нивните вработени.

Пред да се појави оваа судска постапка, Ким беше јавно пофалена за нејзиниот однос кон вработените затоа што во новата епизода на семејното реално шоу „Keeping Up With The Kardashians“, таа ја нападна својата сестра Кортни за деградирање на една од своите дадилки пред децата.

Адвокатот на Кардашијан тврди дека таа директно не ги отпуштила вработените кои сега ја тужат, туку тоа го сторил нивниот претпоставен, на кому таа го оставила раководството на нејзиниот тим.

„Ким не му должи ништо на нивниот претпоставен и се надева дека вработените кои ја тужат ќе го решат ова прашање со него што е можно поскоро“, изјави нејзиниот адвокат за „Дејли меил“

Тужбата се случи само четири месеци откако Ким поднесе барање за развод од музичарот Кание Вест, со кого има четири деца, Норт, Сент, Чикаго и Псалм, во текот на шест години брак. Двојката се согласи да има заедничко старателство над децата, и двајцата се согласија да не добиваат алиментација.

„Дејли меил“ открива дека Вест во моментов се соочува и со тужба од поранешен вработен во неговиот бренд Yeezy поради лошите услови за работа, а исто така го тужи придружен вокал кој настапил во неговата опера „Nebuchadnezzar.“.

Слични содржини