Поранешниот градоначалник на Аеродром, Коневски со апел до локалната власт да помогне за доизградба на црква

од Milan1
7,5K прегледи

Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром, Ивица Коневски на социјалните мрежи пишува дека во непосредна близина на Спортскиот центар Јане Сандански и Паркот на езерата, во 2015 година почна изградбата на Руската црква Св. Троица. Тој упати апел до локалната самоуправа да помогне во доизградба на овој православен храм

„Во непосредна близина на Спортскиот центар Јане Сандански и Паркот на езерата, во 2015 година почна изградбата на Руската црква Св. Троица. Оваа црква според одобрението за градба е предвидено да има и капела Св. Георги Победоносец, во чест на паднатите борци и што е многу важно, беше планирано да има и кујна за бездомни лица.

Но, за жал, црквата остана недоградена и претставува лоша слика за овој дел од Аеродром, кој е многу посетуван и од домашни и од странски гости поради Спортскиот центар и Паркот на езерата. Ова запуштено место претставува и опасност при движењето, посебно во вечерните часови.

Затоа упатувам апел до локалната самоуправа да помогне во доизградба на овој православен храм и со тоа да се добие уште едно убаво место во Аеродром“, напиша на својот Фејсбук профил поранешниот градоначалник Ивица Коневски.

Слични содржини