Поранешниот претседател на Тајван во историска посета на Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот претседател на Тајван, Ма Јинг-џу, ја започна својата 12-дневна турнеја низ Кина со симболична посета на мавзолејот каде Сун Јат-сен, кој и Пекинг и Тајпеј го сметаат за основач на модерната кинеска држава, е погребан.

Ма го посети мавзолејот во Нанџинг, главниот град на Кина на почетокот на 20 век, кога Националистичката партија (Куоминтанг) владееше со Кина, пренесува АП.

Таа партија, по поразот во граѓанската војна, се повлече во Тајван и во следните децении тврдеше дека е легитимен претставник на цела Кина.

Слични содржини