Поранешниот словачки претседател Рудолф Шустер во посета на Македонија

од Vladimir Zorba

 

Поранешниот претседател на Република Словачка Рудолф Шустер, од денеска до 13 септември ќе престојува во посета на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов.

olv02v4oqpeyiyg2culmrw-640-rudolf-schuster

Како што соопшти Амбасадата на Република Словачка во Скопје, посетата на Шустер е по повод почесниот докторат кој ќе му биде врачен на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола. Церемонијата на врачување на титулата doctor honoris causa ќе се одржи утре со почеток во 12 часот во Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски” во Битола.

Посетата на Македонија, Шустер ќе ја заврши со средба со претседателот Иванов во Скопје на 13 септември.

Рудолф Шустер е последниот шеф на странска држава со кој покојниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, официјално се сретна во февруари 2004 година во Скопје, само две недели пред неговата трагична смрт.

Тој беше втор претседател на независна Словачка, кој својот мандат го извршуваше од 1999 до 2004 година, кога земјата стана членка на ЕУ и НАТО.

Слични содржини