Поранешниот сопруг на Наја Ривера скршен поради нејзината смрт

од Stefanija Kuzmanovska

Телото на исчезнатата актерка Наја Ривера беше пронајдено во езерото Пира, а при истрагата е утврдено дека актерката се удавила додека се возела со брод со својот четиригодишен син. По нејзината смрт, се огласи и нејзиниот поранешен сопруг Рајан Дорси.

Имено, како што пренесува магазинот People, Рајан е скршен поради смртта на мајката на неговото дете.

„Рајан речиси воопшто не спие. Тоа е кошмар. Иако тој веќе не беше со Наја, таа беше мајка на Џосеј. Тој има потреба од неговата мајка. Рајан дури и не може да замисли да го одгледува синот сам, без Наја. Тоа е ужасна ситуација“, откри изворот.

Патем, актерот и трагично загинатата актерка се венчаа во 2014 година, а една година подоцна го добија синот. Сепак, во 2018 година парот реши да се разведе.

Слични содржини