Поранешниот сопруг на Ривера под ист кров со нејзината сестра, фатени како се ДРЖАТ ЗА РАЦЕ

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот сопруг на починатата актерката Наја Ривера, Рајан Дорси (37) започна да живее со нејзината сестра Никајла Ривера (25).

Никајла откри дека се одлучила на тој потег со цел да го одгледа синот на нејзината сестра кој има 5 години.

Рајан и Никајла неодамна се преселија заедно во изнајмена куќа во која има три спални соби, каде се грижат за синот на Рајан и Наја, кој минатата недела наполни пет години, а имаат и помош од родителите на Рајан. Двојката ја поминува секоја слободна минута од своето време заедно и тие не ја напуштаат куќата еден без друг.

Меѓутоа, Никајла и Рајан фрлија сенка на сето ова на 19 септември, кога беа фотографирани во трговски центар и тоа како се држат за рака како да се пар.

Да потсетиме, ѕвездата од серијата Glee трагично го загуби животот на 33-годишна возраст, кога исчезна на езерото Пир на 8 јули, а нејзиното безживотно тело беше пронајдено пет дена подоцна на длабочина од 25 до 30 метри.

Слични содржини