Поранешниот судија Панчевски доби помала затворска казна

од Nikola Popovski

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, за злоупотреби на АКМИС-системот, ќе лежи две и пол години затвор, наместо 3,5 години. Тој првостепено беше прогласен за виновен од судијката Валентина Ѓорѓиевска за кривичното дело Злоупотреба на службена положба дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година, според обвинението вкупно за 45 предмети.

Ова доаѓа откако екс претседателот на скопска единица се жалеше на пресудата на велешкиот суд.

– Апелациониот суд Скопје по повод жалбите на обвинетиот Владимир Панчевски, пресудата на Основниот суд Велес од 4.8.2020 година ја преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот Владимир Панчевски од Скопје, кој со првостепена пресуда е огласен за виновен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, се осудува на казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци, во која казна согласно му се засметува и времето поминато во притвор. Во останатиот дел, првостепената пресуда е потврдена, велат од Основен суд Велес.

Екс-претседателот на „скопска единица“ Владимир Панчевски се бранеше од слобода. Лани, на денот на објавувањето на првостепената пресуда, му беше укинат притворот кој го одлежа 20 дена.

Слични содржини