Поранешниот управител на имотот на Џони Деп го пронашол отсечениот прст на актерот

од Aleksandar Petrovski

Бен Кинг, поранешен управител на имот на холивудската ѕвезда Џони Деп, во средата пред Врховниот суд во Лондон изјави дека пронашол исечено парче од прстот на актерот по неговиот судир со неговата поранешна сопруга Амбер Херд.

Деп го тужи издавачот на британскиот таблоид за клевета поради напис од 2018 година во кој го нарекоа „тепач на жени“.

Бен Кинг, кој работеше за Деп помеѓу 2014 и 2015 година, рече дека Херд е таа што провоцирала и угнетувала додека била во врска со Деп и дека тие се карале како деца. Тој беше вклучен во операција за чистење по наводниот инцидент на изнајмен имот во Австралија во 2015 година и рече дека го нашол отсечениот прст на Деп.

„Беше споменато дека може да биде некаде и го најдов додека чистев“, рече Бен. Деп претходно раскажа како Херд му го отсекла врвот на прстот кога фрлила шише вотка кон него.

За време на петдневните сведочења, Деп рече дека тврдењата на Херд за семејно насилство од 2013 до 2016 година биле лажни, и дека таа редовно го напаѓала. Херд треба да започне со изнесување докази во петок, додека долгогодишната поранешна партнерка на Деп, Ванеса Парадис, треба да се појави на суд преку видео-врска во четврток.

Слични содржини