Пораст на бројките: 74 новозаразени и двајца починати од Ковид-19

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19, информираат од Министерството за здравство.

Билансот по градови изнесува:

Скопје – 16
• Тетово – 15
• Куманово – 8
• Гостивар – 7
• Битола – 6
• Кичево – 5
• Дебар – 4
• Струмица – 3
• Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2
• Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

„Регистрирани се две починати лица од: еден од Скопје и еден од Кичево ,двајцата пациенти се од возрасната група 60+. Исто така, регистрирани сe 17 оздравени пациенти“, додаваат од МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299 бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456.

Слични содржини