Пораз на Македонија во Тблиси, Кварацкелија беше нерешлива енигма

од Nikola Popovski

Фудбалерите на Грузија ја совладаа македонската репрезентација со 2:0, во претпоследното петто коло од групата 4 во Ц дивизијата на Лигата на нации.

На овој начин Грузија пред крајот на колото обезбеди пласман во Б дивизијата и уште поважно обезбеди пласман во баражот за ЕВРО 2024 во Германија, доколку не успее да се пласира преку редовните квалификации, што ќе биде многу тешко.

Откритието на Наполи, Кварацкелија блесна и во дресот со националниот амблем пред 50.000 навивачи во Тбилиси. Во 35. минута го издрибла Ашковски по десната страна, упати остар пас пред голот, каде Миовски несмасно реагираше и ја затресе сопствената мрежа.

Одличната игра Кварацкелија ја круниса со гол и во 64. минута, на додавање на Живзинадзе.

Во последниот циклус Македонците токму преку Лигата на нации и Грузија изборија историски пласман на ЕП, но сега тоа ќе мора да го направат на потешкиот начин.

Грузија има 13 бода во оваа група, Македонија остана на седум. Грузијците пред три месеци славеа и во Скопје со резултат 3:0.

Слични содржини