Поразителни податоци: Секој шести пациент со тешка форма на болеста е невакцинирана трудница

од Nikola Popovski

Секој шести пациент во Велика Британија на кој му е потребна највисока форма на здравствена заштита е невакцинирана бремена жена, пишува „Гардијан“.

Дваесет од 118 пациенти со Ковид, кои требало да бидат подложни на оксигенација на мембраната (ЕЦМО) помеѓу јули и септември, се бремени. Од нив, 19 жени не биле вакцинирани, додека другите добиле една доза од вакцината против коронавирус, пренесуваат британските медиуми.

Англискиот институт за јавно здравје објави статистика како дел од напорите да се убедат бремените жени да ја примат вакцината, во услови на нови докази од лекарите во Израел дека коронавирусот може да предизвика сериозни проблеми за идната мајка и нејзиното бебе во подоцнежните фази од бременоста.

Новите податоци, исто така, ги нагласуваат дополнителните ризици со кои се соочуваат невакцинираните луѓе. Од 118 мажи и жени кои беа ставени на ЕЦМО во тие три месеци, 107 не биле вакцинирани, четворица добиле само една доза, а само седум биле целосно имунизирани.

„Ова е уште еден моќен потсетник дека вакцината може да ве заштити вас, вашето бебе и вашите најблиски и да не бидете во болница“, рече Џеклин Данки Бент, главна акушерка во болницата.

Експертите за бременост и здравјето на жените, лидерите и министрите на британското здравство се загрижени за бројот на идните мајки кои не се имунизирани, поради неосновани стравови, кои делумно се поттикнати од ставовите против вакцината – дека вакцината може да им наштети на мајките, бебињата или и двете.

„Сосема е разбирливо што бремените жени имаат прашања и двоумења во врска со вакцинацијата. Бевме крајно разочарани кога слушнавме толку многу дезинформации и конфузија за програмата за вакцинација. Мал број луѓе се фокусирани на она што е потребно за заштита на ранливите групи, бидејќи ограничувањата се олеснети“, рече Сара Мекмален, директорка на болницата во Лондон.

Слични содржини