Порфирије по заедничката литургија на СПЦ и МПЦ: Оздраве длабоката и болна рана на расколот кој траеше 55 години

од Берта Китинска

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Порфириј денеска на литургијата за помирување со Македонската црква рече дека по 55 години оздраве длабоката и болна рана на расколот со таа црква и дека ова е голем ден и чудо на Бог.

-Да се ​​радуваме браќа и сестри, зашто денес се радува полнотата на црквата, се радуваат небото и земјата, се радуваат сите светии, Свети Сава и сите кои се засадени во неговиот корен, рече Порфириј во храмот Свети Сава во Белград.

Архиепископот Стефан рече дека е воспоставено канонско единство со Српската православна црква, што значи, како што наведе, единство со сите православни цркви.

Слични содржини