Актуелно
Почетна / Магазин / Порнхаб нè охрабрува да останеме дома: Бесплатни премиум услуги за целиот свет во наредните 30 дена

Порнхаб нè охрабрува да останеме дома: Бесплатни премиум услуги за целиот свет во наредните 30 дена

Прво започна во Италија, а потоа се прошири низ целиот свет.

Не, овде не се мисли на коронавирусот, туку на компанијата PornHub, кој одлучи да му овозможи на целиот свет да ги користи премиум услугите во наредните 30 дена бесплатно, за да се остане дома и да се спречи проширување на епидемиолошката криза.

За да пристапите до услугата PornHub Premium, треба да се регистрирате на официјалната веб-страница на услуги, при што корисниците наведуваат дека нема да ги напуштат своите домови и дека „ќе уживаат со часови со HD содржината за возрасни“.

Ако се прашувате што ја разликува услугата Premium од редовната бесплатна услуга, разликата е во квалитетот на содржината, така што сега е можен бесплатен пристап до содржината во резолуција 2K и 4K,, пренесува Нетокрација.

Порнхаб е познат по голем број на креативни маркетинг решенија и во минатото.

Но ова не е единствениот „придонес“ кој компанијата го прави во справувањето со коронавирусот. Компанијата одлучила и дека 85% од профитот за април ќе го даде на порнографските актери кои се погодени од ситуацијата, а донираат и 25 илјади долари на Проектот за сексуални работници преку кој се поддржуваат лицата од индустријата кои се останати без примања.

Дополнително, Порнхаб донирале и 30 илјади медицински маски за итните медицински служби и противпожарните служби од Њујорк.

loading...