poroshenko-kje-dobieme-oruzhje-i-nema-da-ima-federalizacija-225683
Украинскиот претседател Петро Порошенко им нареди на Министерството за внатрешни работи и на Службата за безбедност да ги разоружаат сите незаконски вооружени формации во земјата, јави ТАСС.

– Ниту една политичка сила не треба и нема да има никаква вооружена група. Ниту една политичка организација нема право да поседува криминални групи, посочи Порошенко, додавајќи оти илјада километри од фронтот забележани се луѓе со тешко вооружување.

Украинскиот претседател наведе дека властите нема да го дозволат тоа.

На 11 јули во Мукачево околу 20 припадници на движењето десен сектор се судрија со своите ривали за поделба на сфери на влијание. Во судирот беше употребено автоматско оружје, а потоа беа откриени автоматски пушки, митралези и рачни фрлачи на гранати. Во инцидентот три лица загинаа, а 11 се повредени, а неколку милициски возила се уништени.

Обвинителството инцидентот во Мукачево го оцени како терористички чин.

Слични содржини