Поранешниот украински претседател, Петро Порошенко се врати во Киев за да одговара за обвинувањата за предавство, иако ги смета за политички мотивирани.

Порошенко од Варшава, пред поаѓање за Киев, порача дека е подготвен да се соочи со обвинувањата.

Обвинителот тврди дека Порошенко бил вклучен во продажба на големи количини на јаглен за да го помогне финансирањето на проруските сепаратисти во источна Украина во текот на 2014 и 2015 година.

Порошенко истакна дека нема одговорност и тврди дека обвинителот, под влијание на украинскиот претседател Володомир Зеленски, сака да му нанесе штета и да го дефокусира вниманието од големите проблеми со кои се соочува земјата, меѓу кои и економските и големиот број на смртни случаи од ковид-19.

Раководството на Украина е одговорно за единството во земјата, а она што Русија го сака е дезинтеграција и конфликти внатре во земјата, укажа Порошенко и најави дека ќе се бори за Украина.

Порошенко е еден од најбогатите Украинци, сопственик е на фабриката за чоколади „Рошен“, а судот во Киев го „замрзна“ неговиот имот во рамки на истрагата.

Слични содржини