Porsche го качи Cayenne во срцето на француските Алпи

од Vladimir Zorba

Ако одите на ски одмор во туристичката населба Мерибел во Француските Алпи до средината на месец април, најдете малку време и обрнете внимание на величествената кристален купола, во внатрешноста на кој е поставен Porsche Cayenne.

Германската компанија ја создаде највисоката и најчудната т.н. „pop-up store“ во срцето на Алпите на надморска височина од 2.300 метри. До 9 март, пред да стане топло, посетителите ќе можат да си закажат и тест возење со Cayenne, откако Porsche има подготвено посебен пат, вклучувајќи дел каде се вози ски-спуст и покриена со снег офроуд траса. Освен со најновиот SUV на марката посетителите ќе можат да тестираат и Macan или Panamera Sport Turismo, а задолжително ќе им биде обезбеден и инструктор.

Новиот SUV автомобил има позаоблен облик од претходната генерација. Иако е само осум сантиметри подолг од напред, Cayenne може да се пофали со 15% поголем багажник. Во зависност од рамнотежата, автомобилот „олеснува“ до 45 килограми. Тој е опремен со трилитарски турбо V6 мотор со 340 КС и 450 Nm вртежен момент, 8-брзински автоматски менувач и погон на четири тркала.

Слични содржини