Портпаролката на ЕК: Прекумерна употреба на сила во Белград

од Vladimir Zorba

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, вели дека настаните во Србија во последните два дена предизвикуваат загриженост и дека какво било прекумерно користење на сила врз цивилите е неприфатливо.

„Правото на мирен протест е основно право во едно демократско општество кое мора да се почитува“, напиша Писонеро на нејзиниот профил на Твитер, додавајќи дека истото мора да се применува во друга насока, од страната на полицијата.

„Во исто време, видовме слики на насилство врз органите за спроведување на законот кои го чуваат парламентот. Неприкосновеноста на демократските институции мора да се зачува. Очекуваме дека српските власти правилно ќе ги испитаат сите инциденти“, заклучи портпаролот на Европската комисија.

Слични содржини