Портпаролката на НАТО го поздрави донесувањето на Законот за одбрана

од Aleksandar Petrovski

Портпаролката на НАТО Оана Лунгеску, на својот Твитер профил го поздрави донесувањето на Законот за одбрана вчера во Собранието.

– Го поздравуваме донесувањето на на Законот за Одбрана во Собранието на Република Северна Македонија. Ова е важна област од реформите за државата која се подготвува да се приклучи на НАТО како полноправна членка, напиша Лунгеску на Твитер.

Законот предвидува промена на социјалниот и правниот статус на Армијата. Со него се дефинирани обврските кои државата ги презема како идна членка на НАТО. Се преминува од систем на индивидуална во систем на колективна одбрана. Со Законот се менува и името на Армијата на Република Македонија во Армија на Северна Македонија.

Слични содржини