Портпаролот на основачот на „Викиликс“: Здравјето на Асанж се подобрува, повеќе не е во самица

од Nikola Popovski

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, повеќе не е во самица во затворот во Лондон и неговото здравје се подобрува, изјави денес неговиот колега и портпарол, Кристин Храфнсон.

Асанж од затвор води правна борба против екстрадицијата во Америка, каде беше обвинет по 18 точки за заговор за извршување хакерски напади во државните компјутери и кршење на законите за шпионажа . Ако биде прогласен за виновен, може да помине децении зад решетки.

Хафнсон одржа прес-конференција за поддршка на Асанж пред судското рочиште за барањето за екстрадиција, кое започнува следната недела. Неговите приврзаници велат дека се загрижени за условите, под кои тој се наоѓа во затворот и последиците по неговото здравје.

Слични содржини