Портпаролот на Стејт департментот: Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за С. Македонија

од Nikola Popovski

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс се огласи на својот профил на Твитер по самитот ЕУ-Западен Балкан.

– Ја поздравуваме Декларацијата на Европската унија за Западен Балкан. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија продолжуваат да ја покажуваат својата посветеност кон реформите. Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за нив – напиша Прајс на својот Твитер профил.

Претседателот на Владата Зоран Заев на втората тематска сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо-Крањ во Република Словенија, посветен на проширувањето на ЕУ, истакна дека е многу важно што на овој Самит е жив духот од јули оваа година, кога Словенија го презеде претседателството со ЕУ, и кога беше силно изразена посветеноста за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

Тој додаде Северна Македонија презеде сѐ што беше неопходно и што беше потврдено како позитивно во март 2020 година, и е подготвена да направи и дополнителни прифатливи чекори, но и дека истата одговорност се очекува и од другата страна за вин-вин надминување на блокадата за проширување на ЕУ.

Фото: Win McNamee (Getty Images

 

Слични содржини