Гордана Силјановска-Давкова е прва жена која ВМРО-ДМПНЕ ја предлага за претседателски кандидат, а токму поради тоа таа вели дека можеби е знак оти доаѓа времето на жените во Македонија, пренесе 24 Вести.

Професорката Силјановска не е без искуство во политиката. Во 1992 година беше министер без ресор во Владата на Црвенковски.

Сега, 27 години подоцна стана претседателски кандидат на најголемата опозициска партија. Силјановска вели дека како независен кандидат побарала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, зашто и е неопходна политичка поддршка.

Професорката по уставно право заедно со нејзината пријателка Ванковска беше дел од студетскиот пленум, во обид да ја одбранат автономијата на универзитетот кога се носеше спорниот Закон за високо образование. Жесток критичар на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот лидер Никола Груевски.

Но која е Гордана Силјановска Давкова. Родена е на 11 мај 1955 во Охрид. Но само по една година нејзиното семејство се вратило во Скопје.

За себе вели дека имала безгрижно детство. Била галениче во домот како најмало од трите деца на семејството. По потекло родителите и се од Кичево кои многу рано дошле во Скопје.

Силјановска израснала практично во дворот на сегашната бела палата на ВМРО-ДПМНЕ, зашто семјената куќа се наоѓала на местотот каде сега е изградено Министерството за финансии.

Нејзина страст во детството биле ролшуите, па едно време била и првенка во Скопје. Втората страст и бил рокенролот што го научила од нејзината постара сестра.

Силјановска сакала да студира медицина, но по првата средба со професорот Иван Пухан се родила страст кон правото.

Како професор смета дека на изборните листи на партиите не треба да се само политички војници.

Силјановска беше дел од тимот што го напиша македонскиот Устав. Сега најавува отворање на прашањето за промена на името. Прашана од новинарите, како претседател на која државата ќе ја даде заклетвата, на Република Северна Македонија или на Република Македонија, Силјановска одговори.

– Да го почекаме колнењето. Вие го знаете моето мислење за Република Северна Македонија. Инаку овие пратеници, овој премиер се колнеа на Уставот па потоа заборавија. Тогаш ќе чуете како ќе се заколнам јас“.

Освен како борец против Преспанскиот договор со Грција, Силјановска е позната во јавноста и како жесток критичар на двојазичноста, односно употребата на Законот за јазиците.

Како иден претседател прва задача најави дека ќе и биде иницијативата за укинување на привилегиите на претседателот бидејќи ако народот живеел сиромашно во социјална држава, тоа треба да го делат и претседателите./24 Вести

Слични содржини