Португалската влада одобри конфискација на имот без пресуда во случајот за корупција

од Milan1
515 прегледи

Португалската малцинска влада од десниот центар денеска одобри збир на построги антикорупциски мерки, вклучително и дозволување на судовите да го конфискуваат имотот на осомничените без кривична пресуда.

Поранешни португалски премиери, политичари, банкари, бизнисмени и судии се вмешани во неколку истраги за корупција од висок профил во последните години, објави Ројтерс.

По тие истраги „профитираше“ крајно десничарската партија Чега. „Ќе има безмилосна борба против корупцијата во Португалија“, рече премиерот Луис Монтенегро на прес-конференција.

Португалското законодавство веќе дозволуваше конфискација на имот за кривични дела на корупција, економски и финансиски и тероризам, но за тоа беше потребна кривична пресуда.

Новите правила ќе им овозможат на судовите да запленуваат имот доколку се „убедени“ дека имотот на осомничените е поврзан со корупција. Тоа ќе можат да го направат без осуда, изјави министерката за правда Рита Џудице, пренесува Танјуг.

„Општеството мора да разбере дека корупцијата не вреди“, додаде таа. Мерката мора да биде одобрена од парламентот, но Џудис рече дека владата ги консултирала опозициските партии и различни субјекти во правосудниот систем. Некои веќе кажаа дека нема да ја поддржат новата мерка.

Маријана Леитао, од партијата Либерална иницијатива, тврди дека со тоа ќе се наруши правниот принцип на презумпција на невиност, како и правото на приватна сопственост.

„Никогаш нема да го поддржиме тоа“, рече таа. Истражувањето на Евробарометар од 2023 година покажа дека 93 отсто од Португалците веруваат дека корупцијата е широко распространета во земјата.

Слични содржини