Португалци направија маска која ја уништува короната (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Португалските научници направија заштитна маска чија ткаенина штити од коронавирус, со тоа што го уништува.

Вирологот од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон, Педро Симас, објави дека неговиот тим развил слој кој го намалува бројот на вируси за 99 проценти во рок од 30 минути, и може да издржи до 50 миења.

Според порталот АТВ, португалските маски „MOxAdtech“ користат активна состојка која веќе се покажа како исклучително ефикасна во борбата против H1N1 и ротавирусот.

Сепак, Симас предупредува дека самата маска не е решение за пандемијата на коронавирусот, но е најефикасна кога се следат сите пропишани мерки за далечина, заедно со носењето.

„Тоа е само уште еден елемент на маската, што може да обезбеди и хемиска бариера покрај физичката бариера“, објаснува Симас и додава дека луѓето треба да се грижат маската да ги покрива носот и устата кога ја носат.

За сите оние кои одбиваат да носат маска, Симас има посебна порака. Тој посочува дека маските се многу важна заштитна компонента, и дека нивното носење, колку и да е непријатно, е „мала жртва за спасување животи“.

Патем, овие маски се пуштени во продажба во Португалија од април, но сега ги добија потребните сертификати кои докажуваат дека не содржат хемикалии кои се опасни за луѓето, но се ефикасни против коронавирусот.

Слични содржини