Посен колач со ореви

Потребно:

– 200 гр брашно
– 100 гр шеќер
– 100 гр ореви + 50 гр
– 400 мл кисела вода
– 2 лажички џем
– 1 прашок за пециво

Подготовка:

Во чинија ставете го брашното со прашокот за пециво, додајте го џемот, мелените ореви, шеќерот и киселата вода и сето тоа убаво измешајте го додека не се изедначи.

Плех (30х20) обложете го со хартија за печење и истурете ја смесата. Печете на 200 степени, околу 50 – 60 минути. Топлиот колач намачкајте го со џем од кајсии и посипете го со мелени ореви.

Слични содржини