Посетата на Петков е одлична можност за нова динамика во преговарачкиот процес, смета Маричиќ

од Берта Китинска

Фактот што од двете страни на границата имаме нови влади, дава нова енергија и нова шанса за позитивно разрешување врз база на научените лекции од досегашниот преговарачки процес со Бугарија, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, кој во новата Влада треба го води Секретаријатот за европски прашања.

За Маричиќ посетата на бугарскиот премиер е одлична можност за нова динамика во преговарачкиот процес.

– Се уште сме во фаза на разговори, размена на аргументи, размена на позиции и мислам дека посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков во вторник ќе биде одлична можност за да се воспостави нова динамика во преговарачкиот процес меѓу нас и Бугарија. Динамика во која ќе се фокусираме на прашања пошироки од историските, динамика во која ќе се формираат конкретни работни групи кои што ќе дадат резултати во конкретни области, посочи Маричиќ.

Слични содржини