Поширока јавна расправа за уставните амандмани, предлага собраниското тело за помирување

од desk2

Јавните расправи што треба да се одржат по завршувањето на гласањето за уставните нацрт-амандмани во Собранието, покрај во Скопје, да се организираат и во други градови низ Македонија, договорија членовите на подгрупата за интеграции на интерпартиското тело за помирување на денешната седница.

– Се договоривме, покрај во Скопје, МАНУ и другите институции кои што се наоѓаат во главниот град, јавни расправи за нацрт-амандманите да се одржат и во други градови, онаму каде што има универзитетски центри, како Битола, Штип, Тетово, но, можеби и во други градови. Нам пратениците ни е битна јавната расправа за да се види како ќе се одвиваат натамошните активности, изјави пратеникот Јован Митревски од СДСМ, кој раководи со подгрупата за интеграции.

Јавната расправа треба да трае пет дена. Денеска во Собранието беше изгласан третот уставен амандман, а расправата по четвртиот, односно последниот, е во тек.

Попладнево во Собранието седница одржува и подгрупата за реформи на собраниското координативно тело за помирување.

Трите работни групи – за помирување, за интеграција и за реформи, беа формирани на состанокот на собраниското тело за помирување со премиерот Заев на 30 ноември.

Слични содржини